Што ќе им се случеше на нашите политичари кои вработуваат свои роднини ако беа во Франција?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Да ви одговориме конкретно и без заобиколувања – ќе полежеа затвор три години и ќе платеа глоба од 45.000 евра.

Токму тоа строго го наложува како казна законот во Франција кој е поддржан од 383 пратеници во францускиот парламент, наспроти тројцата кои беа против ваквиот закон и 48-те воздржани.

Овој закон во Франција ригорозно забранува министри, пратеници и членови на локалната власт преку непотизам да ги вработуваат своите венчани или невенчани брачни партнери/партнерки, родители и деца.

Е сега, пресметајте вие колку пари ќе се офајдеше државата ако имавме ваков закон кој ќе функционираше и им наплатеше на сите оние функционерски субјекти кои, од кога сме држава досега, си ги вработуваа фамилиите.