Утринска рутина која ќе ви го промени животот од корен…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако ви се случува да „станете на лева нога“ и сфатите дека тоа влијае на целиот ваш ден, добри вести се дека неколку промени во она што го правите штом ќе станете може да ви обезбеди добро расположение во текот на целиот ден.

Науката вели дека оваа утринска рутина од 27 минути директно влијае на вашето расположение и дека целиот ден ќе ви биде посреќен. Вреди да се обидете.

Правете вежби за дишење

Стресот допринесува на менталните и здравствени проблеми, па затоа е идеално денот да го започнете со ослободување од стрес, односно вежби за дишење кои во тоа ќе ви помогнат, а за тоа ви се потребни само пет минути.

Иако звучи како дишењето само по себе не може да го намали нивото на стрес, директорката на центарот во Стенфорд за истражување, Ема Сепала, вели дека тоа е возможно. Таа на својот блог напиша дека постои врска помеѓу вежбите за дишење и парасимпатетичкиот нервен систем.

Судејќи според зборовите на Сепала, студиите докажаа дека различни емоции се поврзани со различни обрасци на дишење, што значи дека менувањето на начинот на кој дишеме можеме да влијаеме и на емоциите.

Такашто, вежбите за дишење, длабокиот воздух, спорото издишување, ќе се намали нивото на хормонот на стрес, кортизолот и автоматски ќе го подобри вашето расположение.

Напишете на што сте благодарни

Сега кога го поправите расположението со дишењето, наредните две минути минете ги запишувајќи три работи на кои сте им благодарни. Со тоа што ќе минете малку време фокусирани на благодарност, ќе влијаете мозокот да ги види позитивните работи, наместо негативните, вели психологот, Шон Екор.

Тој тврди дека ваквите техники помагаат да го „репрограмираме“ мозокот да стане попозитивен, што има директно влијание на расположението и чувството на среќа.

Научете нешто ново

На крајот завршете го вашиот утрински ритуал така што ќе издвоите 20 минути да научите нешто ново. На пример, можете тоа време да го минете учејќи некои нови зборови од странски јазик кои го усовршувате или нешто слично.

Психологот, Ванеса Кинг вели дека учењето е една од најважните потребите на човечкото битие.

„Учењето може да ни помогне да изградиме самодоверба и да се чувствуваме подобри и поефикасни. Тоа исто така, може да биде и начин да се поврземе со некого. Како човечки битија, имаме природна желба да учиме и напредуваме“.

Ако секое утро учите нешто ново, тоа значи дека денот го започнувате работејќи на себе, што исто така влијае на расположението.

Овие 27 минути кои наутро ќе ги минете на овој начин ќе влијаат позитивно на речиси секој аспект на вашиот живот и ќе ви помогне да бидете добро расположени цел ден.