Урнебесен оглас: Се женам, но имам карта за Мундијалот – барам некој да ме замени!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на Светското првенство луѓето се спремни да направат навистина се и сешто со цел да присуствуваат на еден натпревар.

Интересен оглас се појави во хрватските медиуми, а огласувач е извесен Маријан кој како што самиот кажува се нашол во голем проблем.

Неговиот оглас гласи:

Луѓе, си направив проблем и тоа голем.

Од поодамна купив карти за четвртфиналето на Светското првенство во Русија, а во сабота се женам!

Заедно сме од 2002 година. Поминавме многу, буквално се. Се соочуваме со многу солзи, падови, успеси, победи…После патувањето во Австрија пред 10 години срцето ми беше скршено, но нашата врска од тогаш стана премногу силна. Неколку пати ме налути и тоа многу, но и понатаму останав покрај неа. Рака на срце и јас не бев најдобар. Знаев да не се појавам во моментите кога најмногу и бев потребен, но ниту таа не ми замеруваше.

Сега се ближи најважниот ден во историјата на нашиот однос и јас сигурно нема да го пропуштам. Затоа барам некој кој ќе оди на мое место.
Венчавката е во Сплит во црвката „Свето Семејство“ во 17:00 часот, а иднината сопруга ќе се вика Ивана. Кога ќе се појавите кажете дека сте таму место Маријан и дека по новите правила на ФИФА дозволена е таква измена.

Среќно младенци!

Огласот на Марјан можете да го погледнете ТУКА.