Ултрамарин – нова гордост на хрватското бродоградежништво од 106 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Долг 128 метри и широк 21,5 метри, а ќе може да прими до 200 патници – овие се спецификациите со кои се карактеризира Ултрамарин, новиот патнички брод потпишан од хрватското бродарство.

За нив ќе се грижат 140 членови на екипажот во 103 луксузно уредени кабини и јавни простори, и ќе има широка понуда на авантуристички опции за сите нив.

Од пристаништето на бродоградилиштето Бродосплит за првпат со сопствен погон отплови Новоградба 487, патничкиот брод за поларни експедиции, кој ќе го носи спомнатото име Ултрамарин, наведено е на сајтот на бродоградилиштето.

Технолошки напредниот брод за поларни експедиции е договорен со американската компанија Кварк експедишнс, во состав на Травелопија групата. Бродот практично во поголем дел е изграден за време на пандемијата на коронавирусот, а беше спуштен во море во мај годинава среде неверојатните околности и отежнатите услови со пандемијата.

По испораката на поларниот крузер Хондуис во мај 2019 кој успешно одработи една арктичка и антарктичка сезона, овој брод ќе биде уште понапреден и новата гордост на хрватското бродарство.

Вредноста на бродот е над 106 милиони евра.