Прогноза за последниот викенд од 2020


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последниот петок од 2020 година времето во Македониа ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините претпладне со појава на магла. Во западните делови ќе биде облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималниде дневни температури ќе достигнат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид, Крива Паланка и Кавадарци 11, Битола 7, Берово 12, Дојран 15.

За време на викендот под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец. Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.