Украинците се снабдени со повеќе противтенковски ракети отколку што има вкупно тенкови во светот (снимка)

epa09871850 Chairman of the Joint Chiefs General Mark Milley prepares to testify before the House Committee on Armed Services in the Rayburn House Office Building in Washington, DC, USA, 05 April 2022. The two were scheduled to discuss their annual budget request but were asked repeatedly about Russia's invasion of Ukraine. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Генералот Марк Мајли, првиот човек на американската војска, кажа дека повеќецевните ракетни фрлачи „химарс“, заедно со муниција и увежбани украински екипажи, ќе бидат префрлени во Украина до крајот на овој месец.

„Тоа значи дека во рок од неколку дена Украина во борбата ќе користи ракетна артилерија со долг дострел, која ќе ја користат увежбани војници“, кажа Мајли.

Повеќецевните ракетни фрлачи „химарс“ можат да лансираат прецизни наведувани ракети на мети оддалечени до 70 километри, што е значително поголем дострел од кој било артилериски систем со кој Украина во моментов располага.

Вашингтон претходно соопшти дека ќе испрати ракетни фрлачи „химарс“ дури откако ќе добие гаранции од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека нема да ги користи против мети на територијата на Русија.

Мајли кажа дека САД и сојузниците обучиле 60 украински војници за ракување со системите „химарс“ и 420 војници за ракување со хаубици М777.

Истакна дека „меѓународната заедница“ ѝ испратила на Украина 97.000 разни противтенковски системи, повеќе отколку што има тенкови во целиот свет.