Home Актуелно Обвинение за двајца битолски лекари: Наместо итно да ја породат родилката, дозволиле бебето да се задуши

Обвинение за двајца битолски лекари: Наместо итно да ја породат родилката, дозволиле бебето да се задуши

Јавен обвинител од битолското Основно јавно обвинителство по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик”.

Обвинетите, како лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош, породување на пациентка родилка од село Смилево, Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.

Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката.

Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност заради недоволен доток на кислород, што, пак, претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено.

Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 06:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод, женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето заради кислородното страдање во утробата“, соопшти ОЈО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…