Сончев и топол четврток


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денешниот, 16-ти јунски ден, четврток, во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 30 Целзиусови степени, Маврово 22, Охрид и Битола и Крива Паланка 27, Берово 26, Кавадарци 30, Дојран 32.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени.