Норвешката принцеза Марта Луис се сврши со нејзиниот шаман Дурек – сега тврдат дека добивале закани заради тоа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако норвешката принцеза Марта Луис се сврши со нејзиниот шаман Дурек Верет и ја објавија радосната вест, тие двајца се соочиле со бројни закани и грди коментари.

Тие се изненадени од количината на омраза, расистичките изјави и студената реакција на нејзините родители, норвешкиот крал Харалд и кралицата Соња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Durek Verrett (@shamandurek)

За сѐ зборуваа јавно во живо на Инстаграм.

„Луѓето немаат проблем со меѓурасните парови на телевизија, во серии како Бриџертон, но одбиваат да мислат дека црнец би можел да стане член на европското кралско семејство во реалниот живот“, рече Дурек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Durek Verrett (@shamandurek)

Семејството на принцезата од самиот почеток се противи на нивната врска, а кога шаманот ја побарал нејзината рака од норвешкиот крал, тој не добил одобрение. Зборуваат и за смртните закани што ги добиваат.

„Многу размислувам за нашата врска и зошто луѓето имаат толку многу проблеми со нас, зошто пишуваат пораки со омраза и ни испраќаат смртни закани. Прво, тоа е затоа што не сакаат да видат црнец во кралското семејство бидејќи тој никогаш не бил во историјата на европското кралско семејство“, започна тој.

„Другиот проблем е што Марта Луиз е жена. Кога синокрвниот маж избира партнер од друга раса, тоа е прифатливо, но кога принцезата го прави тоа, покажуваат со прст кон неа бидејќи прави преседан.“, рече шаманот.

Марта Луиз рече дека не очекувала Дурек да биде храбар и да се изложи на напади поради желбата да ја легитимира нивната врска.

„Знаев дека нема да му биде лесно, но не во толкава мера. Се восхитувам на неговата љубезност, но и на неговата решителност. Тој издржа многу работи, ситуации кога луѓето зборуваат со мене со љубов и го игнорираат, имаше двосмислени расистички забелешки и отворени навреди.Живеев во привилегиран свет и не сфаќајќи дека тоа се уште е можно“, изјави таа.