УФЦ борец сакаше да проба нешто атрактивно, па се нокаутираше самиот себе (видео)

ufc

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хозе Торес, кој беше дебитант во УФЦ до победата стигна на бизарен начин во борбата против Жарден Брукс.

Торес победи со нокаут, но Брукс всушност се нокаутираше самиот себе. Прво беше подобар во текот на целата борба, а потоа во втората рунда во кличн атрактивно сакаше да го сруши противникот. Успеа во тоа, но при падот самиот се повреди.

Дебитантот знаеше како тоа да го искористи и со неколку удари во лицето на Брукс го натера судијата да ја прекине борбата.