УЕФА покрена дисциплинска постапка против Гвардиола


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола доби црвен картон на полувремето против Ливерпул, а поради неговото „непримерно однесување“, денес УЕФА покрена дисциплинска постапка.

Гвардиола бурно реагираше поради поништениот погодок, па на полувремето истрча на терен и му упати неколку збора на судијата, поради што доби црвен картон.

Иако Гвардиола после објани дека не му рекол ништо непристојно на судијата, сепак денес УЕФА покрена постапка против него.

Дисциплинската комиција ќе заседава на 31-ви мај и тогаш ќе биде одредена казната за Гвардиола, која ќе ја одработи следната сезона.