Home Актуелно Убиецот на фудбалерот бил затвореник пуштен на слободен викенд

Убиецот на фудбалерот бил затвореник пуштен на слободен викенд

Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев одлежувал казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на слободен викенд,пренесува „Макфакс“.

Се работи за 25 годишно машко лице, кое служело казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства.

Полицијата сѐ уште трага по убиецот, а мотивите за убиството не се познати.

Дваесет и осум годишниот Мартин бил син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.

Јанушев последно играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите Маџари Солидарност и 11 Октомври.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…