Уапсен раперот Р. Кели – обвинет за сексуална злоупотреба на малолетни девојчиња

Популарниот американски рапер Роберт Кели, попознат под неговото уметничко име Р. Кели, синоќа беше уапсен во Чикаго. Музичарот беше приведен неколку часа откако беше соопштено дека е покренато обвинение против него за сексуална злоупотреба.

Associated Press наведува дека Р. Кели е обвинет за сексуална злоупотреба на три девојчиња на возраст помеѓу 13 и 17 години. Полицијата набрзо на нивниот веб сајт официјално потврди дека 52-годишниот рапер е уапсен.

Пејачката ѕвезда со вистинско име Роберт Силвестер Кели се товари дека со години силувал девојчиња и жени. До сега не се појавил на суд , зашто одрекувал дека правел такво злосторство, но сега овбвинителството има докази и раперот на 8 март ќе биде изведен пред суд во судскиот процес кој ќе се води против него.

Неговиот адвокат вели дека не е запознаен со обвинението и дека раперот негира какво било злоставување.