Тузланска баклава од 800 килограми и 15.200 парчиња за Гинисов рекорд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во рамки на манифестацијата Gastro Show, во Тузла беше презентирана гигантската баклава тешка 800 килограми. Организаторите порачуваат дека овој џамбо десерт влегува во конкуренција за најголема баклава на светот која беше исечена на 15.200 парчиња.

По едно парче беше наменето за секој од рударите кои денес го одбележуваат нивниот ден, но и за првачињата од основните училишта во тузланскиот кантон, како и за Велика Кладуша, Зеница и Оџак.

Организаторите истакнаа дека баклавата е направена во изминатите неколку дена, по традиционален рецепт стар неколку децении.

„Многу време и труд беа вложени за да ја направиме оваа баклава онака како што ја правеле нашите баби и мајки, по оригинален рецепт. Учествуваа 15 врвни готвачи и слаткари кои работеа десет дена“, изјави Шериф Абдији, чиј тим ја подготвуваше традиционалната баклава.

Порпаролот на Gastro Show, Ведран Јахиќ, вели дека баклавата е номинирана за влез во Гинисовата книга со рекорди како најголема баклава на светот.

„Се наоѓаме во период на дарување, а здружението „Змејово срце“ сака да го поврзе убавото со корисното, па на 21 декември, Денот на рударите, реши сите граѓани да ги почести со најголемата баклава на светот“, изјави Јахиќ.

Во овој традиционален деликатес подготвен од халал состојки и производи, покрај рударите и основците, ќе уживаат и штитениците од тузланскиот пензионерски дом, Мерхаметовата јавна кујна, Домот за деца без родители, како и Детската јавна кујна во Лукавац.

Дали оваа баклава ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди дополнително ќе се дознае.