Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лацио синоќа на свој терен загуби од Торино со 3:1 во ракмите на 16-то коло од Серија А, но натпреварот предизвика големи полемики.
Мечот на „Олимпико“ го одлучи една контроверзна ситуација на крајот на првото полувреме кога на Лацио не му беше досуден чист пенал, притоа остана со играч помалку бидејќи во продолжение на акцијата Имобиле реагираше нервозно.
За целата ситуација да биде уште потрагична своја улога има и видео технологијата (ВАР). Имено, иако беше очигледно дека Јаго Фалке игра со рака во својот шеснаесетник, судијата не се одлучи да ја види повторената снимка, а при расправијата помеѓу Имобиле и Бурдисо го направи тоа и му покажа црвен на напаѓачот.
Ова е денес главна вест во цела фудбалска Италија, бидејќи е доказ дека видео технологијата ако не е правилно користена може да предизвика тотален хаос.