Home Вебкафе Секој ден го малтретирале на школо, а после ова видео се случи нешто неверојатно

Секој ден го малтретирале на школо, а после ова видео се случи нешто неверојатно

Китон Џонс со солзи во очите ги опишуваше своите секојдневни маки и тортури од школо, каде останатите деца го исмевале поради неговиот изглед.

За време на големиот одмор го гаѓале со шунка и истурале млеко врз него. На малиот и мајка му им прекипело од сето тоа и одлучиле да го снимат ова видео за да покажат со какви последици се соочува момчето.

Китон проговори во име на сите оние на кои им се случува такво малтретирање, а многу светски познати фаци се огласија после ова видео.

Џастин Бибер, Ева Лонгорија, Снуп Дог, Марк Рафало, Кети Пери и Крис Еванс се само некои од познатите личности кои на малиот Китон му порачаа дека се тука за него и дека не е сам. Трогателното видео вознемири и разнежни милиони гледачи ширум светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…