Home Актуелно Труби, песна и шампањ до зори – погледнете како Вучиќ ја славеше победата (фото)

Труби, песна и шампањ до зори – погледнете како Вучиќ ја славеше победата (фото)

Победата на синоќешните претседателски избори во Србија, убедливо ја однесе Александар Вучиќ. Во штабот на Српската напредна партија се славеше до зори.

Курир.рс пренесува дека во штабот веселбата со трубачи траела се до рани зори. Се пиело шампањ, се слушале песни. Томислав Николиќ не бил присутен на прославата.

„Ова е за нас важен ден, се покажа во кој правец треба да оди Србија. Победата е чиста како солза и никој не може да го оспори тоа, добив 12 отсто повеќе гласови о другите кандидати заедно. Тоа се 430.000 гласови повеќе“, изјави вчера Вучиќ по прогласувањето на резултатите.

Порача дека ќе се бори за секој граѓанин еднакво, и оние кои го поддржуваат и оние кои не му дале глас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…