Три причини поради кои Меси никогаш нема да ја напушти Барса!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лео Меси неколку пати истакна дека нема намера да ја напушти Барселона, но новинарите постојано го поврзуваат со други клубови ширум Европа.

Последните неколу дена повторно е актуелна приказната за заминувањето на Меси од „Камп Ноу“, откако „Марка“ објави сторија дека Аргентинецот наводно одбил да го продолжи договорот со каталонскиот гигант.

Сепак, заминувањето на Меси од клубот каде што ја помина целата кариера звучи неверојатно и постојат многу причини за негово останување на „Камп Ноу“.

1. Барселона и понатаму е еден од најдобрите тимови во Шпанија и Европа. Кој може да му гарантира дека во некој друг клуб ќе освојува повеќе трофеи? Барса и понатаму го негува својот стил на игра што на Меси и тоа како му одговара. Фудбалот се игра за трофеи, па токму поради тоа во моментов нема подобра опција за аргентинскиот волшебник.

2. Пари. Колку клубови на светот можат да му понудат повеќе од Барса? Потсетуваме, Меси и во моментов е еден од најплатените спортисти на светот, а притоа заработува и одромни средства од спонзорски договори. Аргентинецот има одлични финансиски услови во Барселона и нема клубови кои можат да му понудат многу повеќе од тоа.

3. Барселона е домот на Меси. Тука го помина и детството и младоста. Тука ги направи првите чекори во серизниот фудбал, тука му е семејството. Веќе е познато дека Барса му пружила рака за спас кога никој друг не го сакал. Здравствените проблеми ги победил токму благодарение на клубот кој неизмерно го сака и најверојатно никогаш нема да го напушти.