Home Спорт „Тргнете ги рацете од Лука“: Зидан застана во одбаран на својот миленик!

„Тргнете ги рацете од Лука“: Зидан застана во одбаран на својот миленик!

Откако шпанските медиуми оштро го критикуваа Лука Модриќ поради лошата игра против Алавес, во одбрана на хрватскиот плејмејкер застана Зинедин Зидан.

„Можеби јас грешам, но вашите тврдења дека Модриќ играл очајно не се на место. Како можете да пишувате дека Лука не игра добро“, изјави Зидан.

„Марка“ играта на Модриќ во последните неколку натпревари ја окарактеризира како „хорор“, додека „АС“ неговите 68 минути против Алавес ги опиша како „најлош натпревар во дресот на Реал“.

„Играч не може да игра во сите 90 минути совршено. Јас не сум загрижен за неговиот настап, напротив, задоволен сум со она што Модриќ го покажува на теренот“, закличи легендарниот Французин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…