Home Вебкафе На бабата ѝ подари торба Луј Витон – му падна мрак пред очи ога виде што прави со неа

На бабата ѝ подари торба Луј Витон – му падна мрак пред очи ога виде што прави со неа

Урнебесната приказна од Тајван стана вирален хит на социјалните мрежи благодарение на една баба и нејзиното непознавање и незаинтересираност за материјалните вредности на една оригинал торба со потпис од Луј Витон.

Имено, внукот одлучил својата баба да ја расположи и почести својата баба со скапоцена торба од брендот Louis Vuitton, бидејќи таа со години користела иста торба и имала потреба од нова. Брендираната торба која ја купил за својата баба коштала околу 1.000 долари, но за бабата тоа не значело нешто многу ниту пак очигледно била импресионирана од тоа.

Таа во неа си ги носела намирниците купени од пазар, па дури и свежата риба која си ја купувала за ручек. BBC пренесува дека му рекла оти торбата е „водоотпорна, но многу тешка“. Кога видел колку е среќна поради издржливоста на торбата, внукот решил да не ја извести својата баба колку всушност чини истата.

„Твојата баба е најмодерната личност на пазар“, се шегувала екипата од дечкото на интернет кога неговата приказна се појавила на сајтот DCard.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…