Трепни и ќе го пропуштиш: Aspark Owl достигнува 100 км/ч за 1,9 секунди


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мала автомобилска компанија од Јапонија успеа да го направи најбрзиот електричен хиперавтомобил во светот.

Овој електричен автомобил беше претсавен минатата година и ни доаѓа со врвна технологија и сериозни перформанци. Електричните автомобили не беа сметани како сериозни конкуренти кои би можеле да забрзаат до 100 км/ч за помалку од 2 секунди, но овој автомобил покажа дека работите полека се менуваат. Тој е побрз и од неговиот најголем конкурент т.е Тесла Родстер кој постигнува брза од 96 км/ч за 1.9 секунди.

Aspark Owl е невообичаено привлечен автомобил, кој изгледа подеднакво убаво на тркачката патека, но и на улиците. Тој беше претставен на светската публика на Саемот за автомобили во Франкфурт. Тогаш производителот рече дека автомобилот има 430 коњски сили и може да постигне брзина од 100 км/ч за 2,2 секунди, но овој викенд автомобилот го урна тој рекорд и постави ново најбрзо време од само 1,9 секунди.

Пред да почнат со тестот, луѓето кои беа дел од екипата при тестирањето ги загреваа гумите на автомобилот. Додека ова секако е импресивен резултат, производителите рекоа дека ќе продолжат да работат на автомобилот и во наредните неколку месеци за да достигнат уште подобар временски скор