Касиљас се сели во Серија А


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон ја игра последната сезона и на лето ќе стави крај на својата грандиозна кариера, но Серија А може да добие друга легенда.

Јувентус веќе ја најде замената за Буфон, тоа е Војчех Шчешни кој и оваа сезона покажа дека може да биде достојна замена за Џиџи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека од следната сезона во Серија А може да го гледаме Икер Касиљас. Неговиот договор со Порто завршува на крајот на сезоната, а сака кариерата да ја продолжи во Италија.

Касиљас има 36 години и сака последните две сезони да игра во Серија А. Тоа може да биде и Јувентус, доколку се согласи да биде втор голман после Шчешни.

Многу поверојатно е да се пресели во Рома или Наполи. Реина сигурно заминува на крајот на сезоната, а „волчицата“ може да остане без голман бидејќи има богати понуди за Алисон.

Во секој случај, Серија А може да биде побогата за уште една легенда на светскиот фудбал.