Трејлер за The First Lady – серија за првите дами Мишел Обама, Бети Форд и Елинор Рузвелт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во наративниот центар на историската драма The First Lady се трите највлијателни први дами на Америка – Мишел Обама, Бети Форд и Елинор Рузвелт.

Објавен е трејлер за првата сезона од серијата, во режија на Сузане Биер.

Серијата зборува за американското лидерство низ објективот на првите дами за време на мандатот на нивните сопрузи. Виола Дејвис ја игра Мишел Обама, Мишел Фајфер ја игра Бети Форд, а Џилијан Андерсон ја игра Елинор Рузвелт. Серијата навлегува длабоко во личниот и политичкиот живот на сопругите на американските претседатели.

Сè, од нивното патување во Вашингтон, семејниот живот, политичките придонеси за промена на светот и влијанието на жените во Белата куќа повеќе не се крие од јавноста. Премиерата на серијата е на 17 април на телевизијата Showtime.

Сите три актерки кои ги отелотворија првите дами направија неверојатни трансформации. Дејвис им открила на медиумите за подготовките низ кои поминала за да ја отелотвори Мишел. Разговарала со неа, а низ дома пробувала верзии на шминка за да изгледа што послично со неа.

„Почнав минатата година… Имав привилегија, чест и благослов да можам да разговарам со неа и секако да ја прочитам нејзината книга, да го гледам нејзиниот документарец, да го гледам секое видео“, рече таа и додаде: „Таа е една од оние жени кои живеат живот поголем од себе и се надевам дека ќе го почитувам тоа“.

Покрај Дејвис, Фајфер и Андерсон, во актерската екипа се О.Т. Фагбенле како Барак Обама, Арон Екхарт како Џералд Форд и Кифер Сатерленд како Френклин Д. Рузвелт.

Во серијата играат и Дакота Фенинг како Сузан Форд, Џуди Грир како Ненси Хау, Рис Вејкфилд како Дик Чејни, Реџина Тејлор како Маријан Шилдс Робинсон, Лили Рејб како Лорена Хикок и многу други клучни фигури.