Home Вебкафе Трчаат по лимузината: „Луѓето во црно“ од Ким Јонг-ун (видео)

Трчаат по лимузината: „Луѓето во црно“ од Ким Јонг-ун (видео)

После првата историска средба со својот јужнокорејски колега, севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун си замина во црна лимузина, а внимание од неговото заминување привлече појавата на неговите телохранители кои, во стилот на „Men in black“, трчаа покрај возилото.

На интернет е објавена снимка на која се гледа како 12 телохранители во костуми трчаат покрај возилото во кое се наоѓа Ким Јонг-ун.

Ким и Мун ја завршија утринската сесија од историската средба, а за попладне е планиран нов состанок.

Ким Јонг-ун стана првиот севернокорејски лидер кој стапнал во Јужна Кореја откако полуостровот беше поделен со граѓанската војна од 1953 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

ФОМО: Зошто е толку тешко да не се биде дел од се?

“`html Дали некаде по патот се појавил тој непријатен чувствo додека бескрајно скрол…