Трансферот на Мората ќе му донесе добри пари и на Атлетико


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Алваро Мората синоќа го комплетираше трансферот во Челзи за 85 милиони евра, а на оваа зделка и се израдува, верувале или не, и Атлетико Мадрид.

Имено, Атлетико Мадрид ќе заработи солидна сума од овој трансфер, а причината е многу интересна.

Мората беше член на пионерскиот тим на Атлетико, а во кадетските денови премина во школата на Реал Мадрид. Според правилата на ФИФА клубот каде што ја започнал кариерата секој фудбалер ќе има 1% од сите негови наредни трансфери.

Тоа значи дека од овој трансфер „јорганџиите“ ќе инкасираат 800.000 евра, што секако е одлична цифра, особено што доаѓа од „никаде“.