Трансфер кој ќе предизвика „земјотрес“ на Островот: Обамејанг има нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зимскиот трансфер период започна „бомбастично“ со трансфер рекорд, но до затворањето сигурно ќе има уште многу звучни трансфери.

Арсенал е спремен да тргне во напад на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг кого го гледаат како идеална замена за Алексис Санчез, пренесуваат англиските медиуми.

Менаџерот Арсен Венгер не сака да го пушти Санчез во јануари, меѓутоа ова е последна шанса клубот да заработи на неговата продажба бидејќи неговиот договор истекува на лето.

Веќе се знае дека Манчестер Сити ќе биде негова следна дестинација, а со оглед на повредата на Габриел Жесус, не е исклучено „граѓаните“ да испратат понуда за Чилеанецот во јануари.

Поради тоа Арсенал ќе се обиде да го донесе Обамејанг на „Емирати“, а „Скај Италија“ тврди дека трансферот би можел да биде комплетиран во наредните неколку дена.

Африканецот не е задоволен во Дортмунд и сака да ја промени средината, а „милионерите“ нема да имаат проблем да го пуштат доколку некој клуб ја плати бараната сума.