Home Спорт Трансфер бомба од Шпанија: „АС“ тврди дека Роналдо може да се пресели во Атлетико Мадрид

Трансфер бомба од Шпанија: „АС“ тврди дека Роналдо може да се пресели во Атлетико Мадрид

Весникот „АС“ утрово лансираше вистинска „трансфер бомба“ и тврди дека Кристиано Роналдо може кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Шпанскиот весник тврди дека Роналдо лично го убедил Симеоне да го земе во својот тим, бидејќи е познато дека Португалецот сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Роналдо се понуди на неколку европски гиганти, но наиде на затворена врата, а сака следната сезона да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони.

Роналдо веќе разговарал со Диего Симеоне кој не ја отфрлил можноста да го донесе во Атетико бидејќи смета дека тимот со него ќе направи скок во квалитет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…