Трамп на митинг го критикуваше и исмеваше осаровскиот победник „Паразит“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот претседател Доналд Трамп, на предизборен митинг, го искритикува овогодинешниот оскоаровски победник, филмот „Паразит“, црна јужнокорејска комедија за класната борба.

Филмот, добитник на главните Оскари , секако е на корејски јазик, и се прикажува на меѓународно ниво со англиски превод.

Трамп пред насобраните поддржувачи праша „Дали можеме да го вратиме Однесено со виорот?“, потсетувајќи се на филмот од 1939 година со тема на Граѓанската војна во САД, кој во тоа време постави рекорден број Оскари, но беше критикуван за расистичките стереотипи и носталгијата за ропството.

Одговарајќи на критиката на претседателот, дистрибутерот на Паразит, Неон објави: „Разбирливо, тој не можел да го прочита преводот“.