Home Актуелно Одложено денешното судско рочиште за обвинетите за „крвавиот 27 април“

Одложено денешното судско рочиште за обвинетите за „крвавиот 27 април“

Судското рочиште во рамки на процесот против обвинетите за организација на насилствата на 27 април 2017 година во Собранието, кое беше закажано за денес, се одложи за на 26 февруари.

Причината е да и се овозможи на одбраната да изврши увид во доказите кои не им биле доставени од претходниот судски процес за случувањата на 27 април. Во тој процес, кој заврши на 15 март минатата година, за насилствата во Собранието на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Инаку денеска требаше да биде првото рочиште за овој случај.

Во него обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски. Тие се товарат за кривично дело- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошкоски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Според обвинителството, наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите, во почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…