Трајковски го напушта Палермо, но останува во Серија Б


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Палермо се наоѓа во многу незавидна позиција, па ова лето најверојатно ќе остане без своите најдобри фудбалери, меѓу кои и нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Последните информации од Апенините говорат дека Несторовски веќе го договорил својот трансфер во Удинезе (ОВДЕ).

Сега италијанските медиуми информираат дека наскоро Палермо ќе го напушти и Трајковски, за кого силен интерес покажува Салернитана.

Салернитана неодамна го назначи за кормилар поранешниот италијански селектор Џанпјеро Вентура, па има големи амбици, односно управата сака да го однесе клубот во италијанската Серија А.

Трајковски е една од најголемите желби на тернерот Вентура, па клубот веќе стапил во контакт со агентите на Македонскиот репрезентативец.