Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во пожар кој избувна во село Старо Коњарево, општина Ново Село, изгореа четириесет крави и десет телиња, како и трактор, дрва за огрев и друга земјоделска механизација.
Командирот на Противпожарната единица на Струмица, Александар Гудев, информира дека во гаснењето на пожарот учествувале пет противпожарни возила од Струмица и Ново Село со десетина пожарникари.
Пожарот избувнал доцна попладнето и е локализиран на полноќ, а пожарникарите не дозволиле да се прошири кон соседните куќи и објекти.
Во текот на ноќта пожарникари останале на местото на пожарот за да не дојде до повторно разгорување на огнот поради големите количини сено во објектите кои се во близина на изгорените објекти.
Увидни екипи ги испитуваат причините за пожарот.