Home Актуелно Трагедија во Грција: Загинаа три жени во експлозија во таверна

Трагедија во Грција: Загинаа три жени во експлозија во таверна

Трагедија ја потресе соседна Грција. Три лица се загинати откако експлодираше плинска боца во таверна во грчкиот град Каламата во југозападиот дел од земјата.

Две од загинатите се жени вработени во ресторанот, како готвачки, а третата е сопруга на сопственикот на ресторанот.

Сите три жени биле извлечени од пожарот со знаци на живот, и биле пренесени во болница каде што им подлегнале на повредите. При експлозијата настанал и пожар кој бил локализиран.

Извор: ТВ21

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…