Во возило во Свети Николе пронајдени 11 мигранти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доцна синоќа на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, полициски службеници забележале сомнително патничко возило марка „Рено“ со скопски регистарски ознаки, кое кога се обиделе да го запрат, возилото не застанало, соопштија од полицијата.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле возилото во Свети Николе, а во него како што соопштија од МВР имало 11 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, пренесува „Макфакс“.

Од полицијата посочија дека возачот 26-годишниот М.Р. од село Банско, струмичко, се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода.

Исто така, велат од МВР уапсен е и 40-годишниот Т.И., исто така од село Банско, кој со патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки возел пред возилото на М.Р.

Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.