Home Шоубизнис Тоти, друже, и ти бе?

Тоти, друже, и ти бе?

Славниот италијански фудбалер, Франческо Тоти и манекенката Илари Блази објавија дека се разведуваат по 20 години врска и брак.

Тоти и Блази објавија одвоени соопштенија, со образложение дека сакаат да ја почитуваат нивната приватност.

Познатиот поранешен капитен на Рома, кој има 45 години и кој ја заврши кариерата во 2017 година, се ожени со Бласи (41) на 19 јуни 2005 година и од тогаш тие беа една од најстабилните двојки во „Калчото“.

Тоти и Блази имаат три деца, Шанел, Кристијан и Изабел.

Гласините за развод се појавија минатиот февруари, поради наводна нова врска на фудбалерот, но во тоа време парот ја негираше кризата во бракот.

Дел од италијански медиуми, пак, објавија дека проблемите во бракот почнале кога Тоти во нејзиниот телефон пронашол пораки со момче со кое наводно го изневерила Илари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…