Home Актуелно В четврток пред македонските пратеници обраќање ќе има Урсула фон дер Лајен

В четврток пред македонските пратеници обраќање ќе има Урсула фон дер Лајен

Македонското собрание за в четврток закажа седница во врска со францускиот предлог, кога, како информираа од Собранието, треба да се обрати и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Владата, според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…