Дабиќ од МНР обвинува: Протоколот и францускиот предлог во министерството не се влезени на главна врата и како што е ред


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Дипломатот Зоран Дабиќ на протестот против францускиот предлог обвини дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале.

„Тоа не е точно. Не само предлогот, туку и Протоколот не е влезен на главната врата во МНР, ниту низ архивата со деловодник и бројче како што заслужува. Мора да е влезен низ задна врата или од гаражата од каде што влегува министерот на работа“, изјави Дабиќ на протестот пред зградата на Собранието.

Тој истакна дека Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) енергијата ја насочувал кон подобрување на состојбите во МНР.

-Ни треба компетентна дипломатија. Не ни треба лажна фасада. Многу брзо Османи ќе си замине. Запомнете браќа и сестри, дипломатијата не е Османи, туку стотици посветени колеги и колешки кои што ќе го вратат сјајот на МНР, рече претседателот на МДС.