Home Актуелно Топлотниот бран „Ула“ со пеколна жештина ја става Западна Европа во виолетова фаза

Топлотниот бран „Ула“ со пеколна жештина ја става Западна Европа во виолетова фаза

Пеколниот топлотен бран „Ула“ кој носи жешки температури, а ќе ги зафати Германија, Франција, Шпанија, Италија и Велика Британија, го става западниот дел од европскиот континент во виолетова фаза.

Метеоролозите најавуваат пеколни температури низ Европа. Германската метеоролошка служба најави дека топлотниот бран наречен ,,Ула” ќе донесе темпрература од 38 степени. Се очекува најтопло да биде во среда со 39 степени во околината на Франкфурт , а до 40 степени во другите јужни делови. Апсолутниот температурен рекорд во Германија бил постигнат на 7. август 2015 година во баварскиот град Кицинген со температура од 40,3 степени.

И француската метеоролошка служба најави пеколно време , што се очекува во централниот и источниот дел на земјата , каде се очекуваат 40 степени. Во Париз градските власти поставија дополнителни места за вода за пиење.За загрозените лица ќе бидат отворени базени и климатизирани простори во попладневните часови.

Италијанската метеоролошка служба издаде предупредување за ,,експлозивни температури” во северните градови Милано и Болоња со температури над 40 степени.

Во Шпанија се предвидуваат највисоката температура да достигне 42 степени. Кон крајот на неделата европската метеоролошка служба најави и силно невреме на одделни делови од Европа.

Топлотниот бран ќе ги зафати и јужните делови на Европа , се до Грција и Турција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…