Топ 5 професии што ќе бидат популарни во наредните 5 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ширењето на автоматизацијата неминовно ќе внесе одредени промени на пазарот на трудот, пред сѐ укинувајќи ги позициите на мануелните професии што ќе можат да ги извршуваат роботите. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на свеста кај луѓето за потребата од човечката креативност и посебни вештини.

CareerBuilder, глобална платформа за поврзување на работната сила и работодавачите објави истражување на американскиот пазар на труд за кој прогнозира дека во следните пет години ќе вработи осум милиони луѓе. Најголем раст кај вработувањата ќе се оствари во високоплатените дејности (5,7 отсто), потоа во нископлатените дејности (5,6 отсто), а бројот на вработувањата во дејностите со средни примања ќе порасне за 3,8 отсто.

Меѓу добро платените занимања најбарани ќе бидат сметководителите, но само во блиска иднина затоа што во подалечна иднина се очекува тие да бидат заменети со компјутери. Исто така ќе има зголемена побарувачка за наставници, истражувачи на пазарот, во секторите за компјутерска поддршка и за водоинсталатери.

Што се однесува до занимањата кои се средно платени, во САД во следните години би можеле да бидат отворени 50 000 работни места за доставувачи. Голема ќе биде побарувачката и за градежни работници, кадри кои одржуваат разни машини, медицински сестри и струки од финансискиот сектор.

Меѓу послабо платените професии, ќе има зголемена побарувачка за трговци, готвачи, негуватели, работници во обезбедување и рецепционери.