Лејди Гага во секое интервју повторува еден идентичен цитат за Бредли Купер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите кои го изгледаа филмот „A Star Is Born“, говорат за неверојатната хемија меѓу Бредли Купер и Лејди Гага на филмското платно, а ѕвездите своето меѓусебно обожавање често го истакнуваат и јавно.

Во многу интервјуа околу филмскиот хит, негово режисерско првенче, Бредли Купер не штедеше на пофалби за Лејди Гага. Говореше за нејзината „нуклеарна моќ“ и нејзината неверојатна работна етика, а изјави и дека таа го има „еден од најдобрите гласови на генерацијата“, пренесува whimn.com.au.

Од друга страна, Лејди Гага има слично мислење за Купер. Но, изгледа дека таа нашал еден начин како тоа да го изрази кој постојано го повторува во интервјуата со неа. „Може да има 100 луѓе во собата и 99 да не веруваат во вас, но еден верува. Тој еден може да ви го промени животот“, има повторено Гага за Купер со ситни варијации барем 11 пати досега.

Иако станува збор за сјаен комплимент, многумина сметаат дека 32-годишната пејачка, која е пример за многумина и чиим зборови имаат големо влијание, досега поприлично се потроши со една иста изјава.