Home Шоубизнис Тој е фраерот кој најверојатно ќе ја облече фамозната наметка од Бетмен

Тој е фраерот кој најверојатно ќе ја облече фамозната наметка од Бетмен

Откако холивудскиот актер Бен Афлек го откажа своето толкување на улогата на славниот суперхерој Бетмен, штитниот костим и наметката од „темниот витез“ најверојатно ќе ги облече славниот Роберт Патинсон, ѕвездата од франшизата „Twilight“.

Според информациите кои во својот напис ги пренесува Variety, Патинсон е првиот избор за главната улога во претстојниот филм за Бетмен во режија на Мет Ривс, кој би требало да ја доживее премиерата на 25 јуни 2021 година.

Претпродукцијата на филмот „The Batman“, чија премиера е закажана за 2021 година, се очекува да започне летово. Бен Афлек до скоро ги имаше режисерската и главната улога во овој филм, но реши да се откаже од проектот. Мет Ривс („Dawn of the Planet of the Apes“) седна на режисерското столче, а изгледа дека Роберт Патинсон ќе се појави во улогата на заштитникот на Готам, Бетмен.

Покрај Патинсон, во конкуренција за улогата се најдоа уште неколку актери од помладата генерација. Како сериозен кандидат се наметна и Николас Хоулт („Mad Max: Fury Road“), но од Variety тврдат дека иако тој влегол во потесниот круг на потенцијални актери, сепак Роберт Патинсон е првиот избор за улогата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …