Точно 35 години од легендарното: „Људи мои је ли то могуче“ (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред точно 35 години одигран е еден од најдраматичните натпрвари во историјата на просторите на поранешна Југославија.

Тогашната селекција на СФРЈ играше против Бугарија одлучувачки натпревар за пласман на Европското првенство во Франција 1984 година.

Тимот кој тогаш го водеше Тодор Веселиновиќ само победа го водеше на континенталното натпреварување.

Се играше последната минута, кога при резултат 2:2 топката после центаршутот на Златко Вујовиќ топката дојде до Радановиќ, кој постигна гол и стана идол на сите граѓани на тогашната држава.

Засекогаш ќе останат запаметени зборовите на легендарниот коментатор Младен Делиќ, кој го пренесуваше мечот од „Пољуд“.