Тито мерачи на плажа во Бриони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тито во никој случај не смееле да го вознемируваат во три ситуации: кога гледал филм, кога работел во неговата фотолабораторија и – кога се сончал на плажа во Бриони.

Дали сте виделе некој од денешните светски државници (добро, освен Путин кога ќе се распиштоли, ама само до половина) да се раслече вака на плажа и да нема мака дали ќе го фотографираат? Секако дека не. Колку и да се декларираат како либерали или конзервативци, денешните светски лидери се „уфирцани“ и стегнати во официјални и елегантни одела.

Тито немаше такви грижи. Кога требаше да биде официјален и елегантен, таков беше во најдобар стил и светло, во топ издание. Кога сакаше да си мерачи на плажа во Бриони, знаеше како се прави тоа за да му биде најудобно, без задршка.

Во поранешниот социјалистички свет најсилни нудистички сили беа ДДР и СФРЈ. Клервоајантниот маневар, неслободата на политичката мисла и јавното изразување се компензирани со контролирана либерализација на телото. Додека во Романија, Унгарците и Бугарите, за Албанците и да не зборуваме, со затвор го плаќале секое мини здолниште и секое деколте, Југословените и оние од ДДР со гордост ги клателе своите „мандала“ и гради на плажите на Јадранско море. Таква слобода им даваше системот, додека им земаше некои други работи. Битно, имаше „нати го, дајми го“. Во Југославија не беше никаков проблем да бидеш нудист и да одиш по такви туристички дестинации на Јадранот.

Кај нас Груевски своевремено тајно ги правеше овие работи, ама сите му ги извадоа на маса. Заев не се воздржува толку, тера направо. Сепак, сите тие на Тито можат вода да му носат кога станува збор за животен стил и став.