Типов буквално гази на пари – фризерска приказна која мора да ја чуете


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На газда на берберница во Велика Британија му побарале околу 1000 фунти за реновирање на подот во неговиот салон, меѓутоа тој смислил поевтин и покреативен начин – го наредил подот со монети.

„Сакавме нов под, но сите понуди беа скапи, а сакавме да направиме нешто необично и интересно“, изјавил Рич Холтам.

„Секој ден носевме пари во банката, а излегувавме со монети, на крај сменивме околу 700 фунти и собравме околу 70.000 монети“, рекол тој.

Целиот персонал на салонот цела недела лепеле монети на подот, но на крај го добиле посакуваниот изглед.