Home Актуелно Тесла на врвот од автомобилските производители според пазарната вредност на компанијата во 2020 година

Тесла на врвот од автомобилските производители според пазарната вредност на компанијата во 2020 година

Автомоблскиот технолошки гигант Тесла се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година.

Со тоа, Тесла ја надмина Toyota според пазарната вредност и стана највредниот производител на автомобили во светот. Веднаш на второ место е Тојота, додека Тесла е повеќе од двојно повредна од Фолксваген.

Тојото беше кратко на првото место, но најновите бројки покажуваат дека Илон Маск повторно го зазеде врвот. Пазарната вредност на „Тесла“ сега е околу 207,6 милијарди американски долари, што е за неколку милијарди повеќе отколку што вреди Тојота.

Тесла е исто така повредна од Кока-Кола, Дизни, Циско, Мерк и Ексон Мобил.

Во изминатата година, акциите на „Тесла“ пораснаа за скоро 350 проценти, достигнувајќи ја проценетата вредност за седум пати поголема отколку во истото време минатата година. Многумина сè уште сметаат дека компанијата на Маск е прескапа, со оглед на количината на автомобили испорачани ширум светот.

Многумина сметаат дека Тесла е технолошка, а не автомобилска компанија. Во изминатите 12 месеци, заклучно со 31 март 2020 година, Тесла испорачала нешто помалку од 400.000 електрични возила ширум светот.

Сега на берзата во Њујорк има само 19 компании кои се повредни од Tesla.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…