Терористот Кујтум, кој уби четири лица во Виена, живеел во стан на сметка на градот и добивал државна финансиска помош

Виенскиот терорист Кујтим Фејзулаи, Албанец чии родители се од Македонија, живеел на сметка на државата во стан што му го плаќал градот Виена.

Го мразел градот што му го финансира животот и покрај тоа што издржал затворска казна за обид да им се придружи на екстремистите во Исламската држава во Сирија, Фејзулаи во рекордно време добил субвенциониран стан, пишува Кронен цајтунг.

20-годишникот аплицирал за програмата за поддршка на млади граѓани на Виена на 11 февруари 2020 година, а на почетокот на мај потпишал договор за закуп, додека други тоа го чекаат со години. Користел стан од 41,9 квадратни метри.

Фејзулаи добивал социјална помош од 917,35 евра, а таа сума требало да се намали на почетокот на декември поради недостаток на средства.

Кујтим Фејзулаи ладнокрвно уби четири лица во Виена во понеделникот вечер. Убиени се две Австријки на возраст од 21 и 39 години, 44-годишен Австриец и 24-годишен германски државјанин кој студирал на Виенскиот универзитет за применета уметност.