Теоретичар на заговори тврди: „Оваа градба на Марс може да докажува постоење на живот таму“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Снимките со висока резолуција од Марс откриваат градба која би можела да докаже постоење на живот на Црвената планета.

Дали оваа фотографија од база на Марс најпосле може да открие постоење на напреден живот на Црвената планета? Веројатно не. Но, тоа не го спречува островидиот Скот С. Воринг од страницата UFO Sightings Daily да ја сподели сликата, пишува Mirror.

Тој тврди дека ова е јасен доказ за постоење на живи и здрави Марсовци, како и дека тие се занимаваат и со градежништво. Или барем се занимавале некогаш кога оваа база е изградена.

Самата фотографија на Gigapano уште во 2015 година ја сподели Невил Томпсон, но Воринг ја забележал „базата“ дури минатата недела. Фотката прикажува нерамни рабои на една долина на Црвената планета. Наводната база која има „огромни црни прозори“ изградена е да виси над горниот раб од провалијата, во стилот на холивудските луксузни вили.

Секако, оваа наводна вонземска градба би можела да биде обична игра со светлина и сенки на природни карпести формации. Но, и покрај таа досадна забелешка, изворот нагласува дека „ова е вид на доказ кој може да се користи на суд со цел НАСА да биде принудена да ја открие вистината за постоењето на вонземјани во нашиот Сончев систем“.

НАСА, нормално, не се огласи на овие прозивки и тврдења.