Тебас: Барса имаше два начина да го задржи Меси, но не ги искористиле – Перез имаше големо влијание во тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот свет, особено армијата обожаватели и навивачи на фудбалскиот клуб Барселона, беше шокиран кога од Каталонците објавија дека Лионел Меси си заминува од клубот.

Меси сакаше да го продолжи договорот, имало и договор со Лапорта, но на крајот се пропаднало и тој денес го носи дресот на ПСЖ. Барселона се наоѓа во големи финансиски проблеми, а Ла Лига воведе и строги правила околу платите на фудбалерите со што се направи проблем.

Поради тоа Меси немаше можност да го продолжи договорот, иако како што споменавме имаше договор со Лапорта. Тоа го потврдија и двајцата претходно (Меси и Лапорта).

На голем удар се најде првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кого многумина го обвинија дека тоа е одмазда кон Барселона поради Суперлигата. После Кристиано Роналдо Ла Лига го изгуби и Меси, па така падна популарноста.

Тебас денес откри дека Барселона имала два начини да го задржи Меси, но не ги искористила. Имено, Лапорта имал понуда да ги продаде правата за наредните 5 години и да го задржи.

„Вечерав со Лапорта во неговата куќа и сакаше да потпише договор за ТВ правата во наредните пет години. На крајот Флорентино Перез го убеди да не го прави тоа. На Лапорта му се брзаше затоа што Меси како што поминуваше времето беше се повеќе нервозен. Тогаш Лапорта ми кажа дека има свој став и дека не може да го продаде клубот толку лесно, но сигурен сум дека Перез имаше влијание врз сето тоа“.

„Од договорот за ТВ правата Барселона имала можност да искористи дел од парите за плати, со што Меси сигурно би останал, тоа не се случи“, откри Тебас.

Втората опција била да не се довеле Депај и Агуеро.

„Ако Барселона не ги доведеше Депај и Агуеро, Меси можеше да остане“, изјави Тебас.

Треба да се спомене дека Барселона, Реал Мадрид и Атлетик Билбао се единствените клубови кои не го потпишале споменатиот договор за ТВ правата.