ТАРАТУР РЕПОРТАЖА: Сламените прскачи од Добра – побратими на џоломарите и на мечкарите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во дамнешно време дошле Татарите во селото Добра, ги поробиле младите ергени и им ги исекле јазиците. Селото го опљачкале и си заминале, а ергените по некое време се вратиле неми и сакати.

29.3.prskaci-dobra15Улицата се чува уште од мугрите

 

29.3.prskaci-dobra2Жените-возачи добиваа посебен благослов – утрински бакнеж и разбушавена коса полна со слама

29.3.prskaci-dobra1Оттогаш до ден-денешен во ова село во јужна Полска останал еден обичај сличен на нашите џоломарски и бабарски игри. Секоја година на прв ден Велигден момчињата се затвораат в штала и се преправаат во сламени одежди, кои грижливо ги приготвуваат секој Велигден одново.

29.3.prskaci-dobra

29.3.prskaci-dobra3Прскачите со полна опрема тргнуваат во пресрет на следниот намерник

Освен фустанот од слама, задолжителен дел од нивната маска се и лицата изработени од груба кожа, да ги преставува изобличените глави на ергените. Вечерта седат на сретсело и цела ноќ го слават првиот ден од воскресението со песна и со по некое шише вотка. Не сите издржуваат до утрото – сонцето на разденување паѓа и на оние, кои се откажале и папсани легнале во купиштата слама.

29.3.prskaci-dobra4

29.3.prskaci-dobra5

29.3.prskaci-dobra6

Утрото на главната улица во селото се чувствува раздвиженост – прскачите ги пречекуваат сите намерници, и пешаците и возачите. Поделени се во повеќе групи распоредени долж улицата, која што е послана со дебел слој слама. Ги поздравуваат минувачите и ги китат со слама за плодност и бериќет, ги прскаат со вода за здравје. Не може да помине автомобил без да добие украс од слама и велигденски гранчиња.

29.3.prskaci-dobra10

29.3.prskaci-dobra7

На пречекот прскачите не изустуваат ни збор, оти Татари им го исекле јазикот. Наместо зборови се слуша само неартикулирано с’скање и пискање. Ритуалот кулминира во моментот кога во блиската црква завршува утринската миса – сламените прскачи ги пречекуваат верниците и ги прскаат со вода, за здравје. Сè завршува со променада на прскачите во неколку поворки и со делењето награди на сретсело.

29.3.prskaci-dobra8Сламен прскач со „директорот на осмолетката“ преправен во змија

29.3.prskaci-dobra9

29.3.prskaci-dobra11Стража од секакви напади, видими и невидими

Со ова прскачите заокружуваат уште еден циклус на прочистување, зад себе оставаат уште една година полна зли духови, и одново се раѓаат. И покрај замерките од блиските села и гратчиња, дека не е пристојно и дека е грев вакви дејанија и пијанства да има токму на Велигден, пргавиот дух на сламените прскачи од Добра сè уште живее и задолжително измамува, ако ништо друго, насмевка и добра мисла.

29.3.prskaci-dobra13

29.3.prskaci-dobra12

29.3.prskaci-dobra14

Текст: Диме Митревски

Фотографии: Диме Митревски и Карина Предка