Home Шоубизнис „Тандемот од соништата“ се сретна после 36 години од снимањето на култната трилогија „Враќање во иднината“

„Тандемот од соништата“ се сретна после 36 години од снимањето на култната трилогија „Враќање во иднината“

Холивудскиот актер Мајкл Џеј Фокс, најпознат по улогата на Марти Симус Мекфлај во филмската трилогија „Враќање во иднината“, објави фотографија на својот профил на Инстаграм со колегата од филмот, Кристофер Лојд, кој во култните филмски остварувања за „враќањето во иднината“ го глумеше доктор Емет Док Браун.

„Најдобри времиња“, напишал Кристофер под фотографијата која собра скоро 300.000 лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael J Fox (@realmikejfox)

„Легенди“, „Мој омилен пар отсекогаш“, „Ве молиме снимете Враќање во иднината 4“, „Исто како порано“, „Изгледате одлично“, се само некои од коментарите.

Инаку, филмот на Роберт Земекис од 1985 година „Враќање во иднината“ беше голем успех, а Фокс во 1989 и 1990 година направи две продолженија на Враќање во иднината, што беше ентузијастички поздравено од публиката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …