Home Актуелно Талат Џафери: „Добар сум, утре ќе ја водам конститутивната седница“

Талат Џафери: „Добар сум, утре ќе ја водам конститутивната седница“

Денес, изутрина, сè уште актуелниот претседател на македонското Собрание, Талат Џафери, ја напуштил инфективната клиника каде беше хоспитализиран изминативе десетина дена и веќе најави дека е извесно дека тој ќе претседава со конститутивната седница

„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“ – изјави Џафери.

По долга пауза утре повторно ќе заѕвони собраниското ѕвонче кое треба по десетти пат да ги собере новите македонски пратеници на конститутивната седница која за прва пат, поради корона вирусот ќе се одржи во големата купола на Собранието.

Тоа ќе биде и официјален старт на преговарачкиот процес кој треба да резултира со формирање на ново мнозинство кое ќе ја избере новата македонска Влада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…